Тимот на Охрид ги започна подготовките за новата сезона

Управата и стручниот штаб одржаа состанок со сите играчи на ГРК Охрид во салата “Бијанини Извори” и со тоа ги започнаа подготовките за новата сезона.

До 10-ти август екипата е во Охрид на припреми во спортската сала Билјанини Извори и на стазата на стадионот Атина Бојаџи. Потоа екипата продолжува на базични подготовки во Маврово до 17-ти август. На 18-ти е првиот официјален контролен натпревар со екипата на Голден Арт, а потоа на 23 и 24-ти август ќе се одржи првото издание на меморијалниот турнир Крсте Андоновски – Усташ.

(фото-ГРК Охрид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.