Тимот на Охрид триумфално против Куманово

Тимот на Охрид им се врати на победите во Супер лигата, откако на гостински терен го совлада составот на Куманово со 31-22.

Во првото полувреме беше неизвесно, но сепак Охрид успеа да направи водство на полувреме од 16-10. Во второто полувреме Охрид лесно се справи со Куманово, за нова победа во Супер лигата.

Најефикасен во екипата на Охрид беше Даниел Андоновски со шест гола, додека кај екипата на Куманово најефикасен беше Вучко Мрвовиќ со осум гола.

(фото-ГРК Охрид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести