Ракометарите на Прилеп вчера ги стартуваа подготовките за претстојната сезона 2024/25 на чело со тренерот Божидар Мојсов и стручниот штаб на клубот.
Среќен почеток и успешен пласман за оваа сезона им посака и градоначалникот Борче Јовчески кој исто така присуствуваше на вчерашниот тренинг.
Мотивирани, полни со елан и ентузијазам ракометарите на Прилеп стартуваа и оваа сезона со амбиции за добра позиција во Супер лигата. Подготовките во наредниот период ќе се одвиваат во рамките на градот Прилеп.
(фото – Рк Прилеп)📷