Екипата на Ѓорче Петров 2 и пионерките на Ѓорче Петров со заеднички собир и заедничка прослава ја завршија првата полусезона од групната фаза од Женската Прва лига и пионерската лига во женска конкуренција.
Ракометарките на Ѓорче Петров 2 есенскиот дел од сезоната го завршија на второто место со освоени 16 бодови во Женската Прва лига.
Младите ракометарките на Ѓорче Петров есенскиот дел од сезоната го завршија исто така на второто место со освоени 20 бодови во пионерската лига.
(фото – ЖРК Ѓорче Петров 2)📷











