Тимур Дибиров го напушта тимот на Вардар 1961 и се сели во Хрватска, во тимот на ППД Загреб.
Дибиров и ППД Загреб договорија соработка на една година. Тимур Дибиров во Вардар пристигна пред девет години и со тимот два пати ја освои Лигата на шампионите.
“Многу сум среќен што доаѓам во Загреб, клуб со богата историја и клуб од чии редови произлегоа многу големи имиња на хрватскиот и европскиот ракомет. Очекувам големи работи во Загреб, знам дека ќе го дадам максимумот на секој тренинг и натпревар и мислам дека заедно можеме да постигнеме добри резултати. Сум играл со некои играчи претходно, како Борозан и Чупиќ, исто така сум се натпреварувал со некои, а со некои допрва ќе се сретнам. Верувам дека ростерот на Загреб е добро уреден и дека е идеална комбинација на младост и искуство. Мислам дека нашиот тим има што да докаже и дека оваа сезона пријатно ќе изненадиме многумина”, – изјави Тимур Дибиров.
(фото-Рк Вардар 1961)📷