Тимур Дибиров останува во Вардар до јуни 2023 година!

Тимур Дибиров кој настапува на позицијате лево крило, клупската икона на Вардар ќе го носи „црвено-црниот“ дрес на Вардар и во следната сезона, најмалку до јуни 2023 година, со можност за продолжување на соработката.

Тој и клубот се договорија за продолжување на соработката со што Русинот ќе ја игра 10-тата сезона во Скопје.

„Среќен сум што отанувам во Вардар. Не можам да се замислам во друг дрес и друг клуб. Им благодарам на сите за поддршката што ми ја даваат. Со клубот се договоривме за продолжување на соработката и заедно да постигнуваме резултати како и досега, изјави Тимур Дибиров.

Левото крило дојде во Вардар во 2013 година и оттогаш има освоено седум шампионски титули и седум куп титули. Покрај тоа со Вардар трипати го освои Супер купот на Македонија, четирипати беше победник на СЕХА лигата и двапати беше европски првак.

(фото-Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести