Тимур Дибиров од следната сезона ќе го носи дресот на ППД Загреб, па тој на социјалните мрежи се збогува со навивачите на Вардар 1961.
„Драги пријатели, веројатно треба да има текст за многу страници, затоа што сакам да ви се заблагодарам на секој од вас. Ви благодарам што ми го дадовте чувството да се биде дома, за поддршка, љубов и верба во мене! Ми беше голема чест да го носам дресот на Вардар и горд сум што сум дел од семејството. Сакам да им се заблагодарам на Македонија, Скопје, Комити, навивачите, Сергеј Самсоненко, сите играчи и вработени во клубот, вие сте засекогаш во моето срце“, напиша Тимур Дибиров социјалните мрежи.
(фото-Вардарфанс)📷