Тинекс Пролет во последната секунда стигна до триумф против Мулти Есенс

Филип Арсеновски е херојот на Тинекс Пролет на гостувањето против Мулти Есенс, на кое клубот забележа победа од минимални 31-32, за победничко деби на клупата на новиот тренер Александар Јовиќ.

Градскиот ривал се покажа како незгоден противник, се играше „егал“ од почеток до крај, за Арсеновски да стрела прецизно буквално во последната секунда за огромна победа и уште еден чекор напред кон плеј-офот.

Најефикасен во тимот на Тинекс Пролет беше Филип Арсеновски со осум погодоци, додека кај екипата на Мулти Есенс најефикасен беше Мартин Димовски со седум погодоци.

(фото – Рк Тинекс Пролет)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести