Шефот на стручниот штаб Александар Јовиќ ја одржа првата прозивка, со која беше означен и стартот на подготовките на Тинекс Пролет за новата натпреварувачка сезона.
На првиот тренинг беа присутни и четирите засилувања: Стојчевиќ, Даскалоски, Шилегов и Глигоров, од кои се очекува да дадат значаен придонес за остварување на зацртаните цели во новата суперлигашка сезона.
Предвидено е подготовките да се одвиваат во Скопје, под водство на тренерот Јовиќ и неговиот стручен штаб ќе се работи по два пати дневно, а ќе следат и пријателски средби со кои ќе се темпира формата за стартот на сезоната закажан за почетокот на септември. Досега се договорени и пријателски натпревари со Вардар 1961 и со Алкалоид, а во наредниот период се очекува да бидат договорени уште неколку контролни средби.
Воедно, тренериот на првиот тим Александар Јовиќ ќе го преземе и раководењето на кадетската екипа, која ќе се натпреварува и во кадетскиот и во младинскиот шампионат на Македонија во наредната сезона. Клупската легенда Илија Темелковски во иднина ќе ја извршува функцијата координатор на сите младински категории во младинската школа на Тинекс Пролет.
(фото – Рк Тинекс Пролет)📷