Екипата на Тинекс Пролет забележа победа на гостувањето кај екипата на Прилеп со конечен резултат 22-19.
Тинекс Пролет и на пауза имаше предност од 13-10. Во второто полувреме Прилеп се обидуваше да се врати, но сепак Тинекс Пролет ги освои бодовите.
Најефикасен во тимот на Тинекс Пролет беше Дејан Пецаковски со седум гола, додека кај екипата на Прилеп најефикасен беше Владан Кастратовиќ со осум гола.
(фото – Рк Тинекс Пролет)📷