Екипата на Тинекс Пролет ја забележа првата победа во Супер лигата, откако го совлада тимот на Фруитленд Борец со резултат 30-19.
Тимот на Тинекс Пролет од почетокот на натпреварот имаше солидна предност, па до крајот на натпреварот немаше проблеми против Фруитленд Борец.
Најефикасен кај Тинекс Пролет беше Мохамед Бакар со осум гола, додека кај Фруитленд Борец најефикасни беа Зоран Стојановски и Ивица Илиев со по четири гола.
(фото – Рк Тинекс Пролет)📷