Тинекс Пролет ги освои бодовите против Струга

Тинекс Пролет рутински го почна настапот во плејаутот од македонскиот шампионат, откако тимот на домашен терен лесно стигна до победа над Струга со резултат 30-23.

Избраниците на Матлиески одиграа квалитетен меч со исклучок на десетината минути во кои имаа голем пад на концентрацијата, но Тинекс Пролет имаше доволно и квалитет и искуство за да стигне до резултатот што го посакуваше.

Најефикасни во составот на Тинекс Пролет беа Ласко Андоновски и Андреј Стојановски со по шест гола, додека кај Струга најефикасен беше Лазар Ристиќ исто така со шест гола.

(фото – Рк Тинекс Пролет)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *