Тинекс Пролет состави квалитетен тим за новата натпреварувачка сезона во Супер лигата, но клубот паралелно со тоа инвестира и во младинската школа и во пониските возрасни категории.
Во тој правец, денеска беа потпишани договори со пет нови ракометари, перспективни играчи кои доаѓаат во клубот од редовите на Мулти Есенс.
Станува збор за Давид Младеновски (лев бек), Стефан Велков (среден бек), Дамјан Димитриевски (лево крило), Андреј Ниновски (десно крило) и Алек Алексовски (лев бек).
Петмината ракометари до лани го носеа дресот на Мулти Есенс, а летово доаѓаат да го засилат Тинекс Пролет. Планот предвидува тие да се развиваат преку младинските категории, но и да тренираат со првиот тим, во обид да се наметнат кај тренерот Лембанов кој веќе се покажа како стратег што е подготвен да даде шанса на млади и перспективни ракометари.
(фото – Рк Тинекс Пролет)📷