Тинекс Пролет во второто суперлигашко коло ја забележа и втората победа, триумфирајќи на домашен терен над Прилеп со 30-25.
Гостите се покажаа како незгоден ривал што неслучајно во првото коло го изненади Бутел, но Тинекс Пролет имаше и искуство и квалитет за да не дозволи изненадување во „Македонско Сонце“, на крајот славејќи заслужено со конечни пет гола разлика.
Најефикасен во тимот на Тинекс Пролет беше со пет гола, додека кај екипата на Прилеп најефикасен беше Владан Кастратовиќ исто така со пет гола.
(фото – Рк Тинекс Пролет)📷