Тинекс Пролет забележа нова огромна победа во рамките од Супер лигата, на домашен терен декласирајќи го Тиквеш со резултат 24-19.
Со овој триумф, избраниците на Алексо Лембанов се одлепија на второто место во групата, зацементирајќи си го овој пласман, веднаш зад Еурофарм Пелистер, со пренесување на значајни бодови во плејофот.
Најефикасен во тимот на Тинекс Пролет беше Аларов со шест голови, додека кај екипата на Тиквеш најефикасен беше Лазов со четири голови.
(фото – Рк Тинекс Пролет)📷