Тинекс Пролет оствари огромен успех откако успеа да триумфира во својата група од Купот на Македонија, во финалето славејќи над Еурофарм Пелистер 2 со резултат 30-26.
Првото полувреме помина доста израмнето, но Тинекс Пролет успеа на полувреме да го преземи водството од 14-12. Во второто полувреме Еурофарм Пелистер даваше отпор, но Тинекс Пролет беше победник на овој натпревар.
Најефикасен во тимот на Тинекс Пролет беше Мартин Димов со седум гола, додека кај екипата на Еурофарм Пелистер 2 најефикасен беше Мартин Ивановски со осум гола.
(фото – Рк Тинекс Пролет)📷