Ракометарите на Тинекс Пролет забележаа нова победа во Суперлигата, откако на домашен терен го совладаа незгодниот Охрид со резултат 25-24.
Натпреварот беше изедначен во двете полувремина, двете екипи се бореа за резултатот, но екипата на Пролет на крај ги собра трите бодови во Суперлигата. Клучен за победата на Тинекс Пролет беше Дејан Пецаковски, откако испрати проектил во мрежата на Охрид за победа на Тинекс.
Најефикасен во екипата на Тинекс Пролет беше Дејан Пецаковски со осум погодоци, додека кај екипата на Охрид најефикасен беше Стефан Додиќ исто така со осум погодоци.
Рк Тинекс Пролет 25-24 ГРК Охрид
(фото-Рк Тинекс Пролет)