Тинекс Пролет запиша победа против Јуниор Кисела Вода

Екипата на Тинекс Пролет им се врати на победите во Супер лигата, откако го совлада Јуниор Кисела Вода со 32-21.

Уште во раната фаза од дуелот домашниот состав поведе со 5-1, а гостинскиот тренер Котевски при резултат 6-2 го побара првиот тајмаут на мечот. Раното удобно водство придонесе да дојде до мало опуштање во таборот на Тинекс Пролет, но тренерот Лембанов веднаш побара тајмаут при водство од 10-7.

Тинекс Пролет создаде одлична предност на полувремето и замина со водство од 16-10. Второто полувреме почна со два брзи гола на Тинекс Пролет за предност од 18-10, за кон средината на полувремето да се стигне и до првото двоцифено водство.

Најдобар стрелец во тимот на Тинекс Пролет беше Томислав Јагуриновски со седум гола, додека кај екипата на Јуниор Кисела Вода најдобар стрелец беше Никола Митровиќ со пет гола.

(фото-Рк Тинекс Пролет)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.