Екипата на Тинекс Пролет забележа победа против екипата на Радовиш со конечни 26-24 во плеј-аутот од Супер лигата.
Иако тимот на Тинекс Пролет губеше во првото полувреме, сепак во второто полувреме се врати и успеа да го надигра тимот на Радовиш.
Најефикасен во редовите на Тинекс Пролет беше Ласко Андоновски со шест гола, додека кај екипата на Радовиш најефикасен беше Ивица Илиев со седум гола.
(фото – Рк Тинекс Пролет)📷