Ракометарите на Тинекс Пролет им се вратија на победите во Суперлигата, откако на домашен терен ја совладаа екипата на Скопје 2020 со 34-26.
Во првото полувреме екипата на Тинекс Пролет имаше контрола на резултатот, и на полувреме се замина со предност од 15-13. Во вториот дел екипата на Тинекс Пролет немаше никаков проблем против Скопје и ја завери победата во Суперлигата.
Најефикасен во екипата на Тинекс Пролет беше Иван Џонов со девет погодоци, додека кај екипата на Скопје 2020 најефикасен беше Марио Мишевски исто така со девет погодоци.
Рк Тинекс Пролет 34-26 Рк Скопје 2020
(фото-Рк Тинекс Пролет)📷