Ракометниот Клуб Тинекс Пролет објави на социјалните мрежи дека спогодбено е прекината соработката со досегашниот шеф на стручниот штаб, Алексо Лембанов, која тимот ја прифати неговата оставка поднесена по поразот од Вардар Неготино пред две седмици.
Функцијата ВД тренер ќе ја извршува Илија Темелковски, под чие водство екипата успеа да слави во Прилеп, а клубот во меѓувреме ќе биде во интензивна потрага по долгорочно решение за функцијата шеф на стручниот штаб.
Овој стручњак мина неколку години во Тинекс Пролет, најпрвин работејќи со младите категории како помошник во стручниот штаб, а во последните две години беше и прв тренер на клубот.
“Изразуваме благодарност до Лембанов за професионалниот ангажман во целиот период во кој беше дел од Тинекс Пролет и му посакуваме многу среќа во иднина”, – соопштија од Тинекс Пролет.
(фото – Рк Тинекс Пролет)📷