Тинекс Пролет оствари висок триумф против Вардар Неготино

Тинекс Пролет лесно и убедливо стартуваше во новата суперлигашка сезона, триумфирајќи во првиот меч на домашен терен над Вардар Неготино со убедливи 35-21.

Тимот на Тинекс Пролет од почетокот на натпреварот направи голема разлика, па на пауза замина со високи 16-9.

Удобната предност му овозможи на тренерот на Тинекс Пролет да им даде заслужен одмор на поискусните, шанса да добијат помладите ракометари во финишот, но тоа воопшто не влијаеше над конечниот исход, Пролет убедливо го доби овој натпревар со конечни „плус четиринаесет“.

Најдобар стрелец во тимот на Тинекс Пролет беше Давор Палевски со шест голови, додека кај Вардар Неготино најдобар стрелец беше Драган Кузманов со четири голови.

(фото – Рк Тинекс Пролет)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.