Тимот на Тинекс Пролет оствари победа на домашен терен против екипата на Радовиш со 30-23 во натпревар од Супер лигата.
Од почетокот на натпреварот Пролет беше во водство, па на пауза замина со предност од 18-13. Во вториот дел од натпреварот екипата на Тинекс Пролет ја завери победата против Радовиш.
Најефикасен во екипата на Тинекс Пролет беше Давор Палевски со осум погодоци, додека кај екипата на Радовиш најефикасен беше Кристијан Ристов со шест погодоци.
(фото-Рк Тинекс Пролет)📷