Ракометарите на Тинекс Пролет забележаа победа против ракометарите на Радовиш со конечни 30-28 во плеј-аутот од Супер лигата.
Составот на Тинекс Пролет го имаше водството во текот на целиот натпревар, па на крај заслужено се радуваше на победа против Радовиш.
Најефикасни во редовите на Тинекс Пролет беа Василевски и Додевски со по шест гола, додека кај Радовиш најефикасен беше Трајанов со пет гола.
(фото – Рк Тинекс Пролет)📷