Тинекс Пролет подобар од Скопје 2020 во Супер лигата

Тимот на Тинекс Пролет забележа победа против екипата на Скопје 2020 со конечни 30-22 во натпревар од Супер лигата.

Одбраната на чело со голманот Михаљевиќ функционираше одлично од самиот старт, па Скопје во првите осум минути не успеа да постигне ниту еден погодок, 3-0.

Во нападот одличен на стартот беше Аларов, потоа во ритам влезе и Палевски, а како што одминуваше времето, така мрежата на гостинскиот состав ја полнеше Томи Јагуриновски. Најубедливата предност во првото полувреме изнесуваше пет гола 10-5, за на одмор сепак да се замине со водство од 15-12. 

Вториот дел почна со одлична интервенција на Михаљевиќ при зицер на гостинските ракометари, по што Тинекс Пролет тргна супериорно и поведе со 19-13. Тогаш неочекувано дојде до пад во играта на домашниот состав, што Скопје го искористи за опасно да се приближи на само еден гол разлика.

При 20-19 гостите не реализираа напад за израмнување, по што Тинекс Пролет се врати во ритам, влезе во серија голови и на крајот триумфираше со конечни „плус осум“.

Најефикасен кај екипата на Тинекс Пролет беше Томислав Јагуриновски со 11 гола, додека кај екипата на Скопје 2020 најефикасен беше Жарко Барјактаревиќ со седум гола.

(фото-Рк Тинекс Пролет)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести