Екипата на Тинекс Пролет ја совлада екипата на Струга со 30-22 на домашен терен.
Во првото полувреме двете екипи одиграа израмнето, па на пауза се замина со нерешен резултат 13-13. Во второто полувреме се подобри играта на Пролет и на крај забележа триумф против Струга.
Најефикасен во екипата на Тинекс Пролет беше Иван Џонов со шест погодоци, додека кај Струга најефикасен беше Жарко Барјактаревиќ со седум погодоци.
Супер лига (мажи):
Рк Тинекс Пролет 30-22 Рк Струга
(фото-Рк Тинекс Пролет)📷