Тинекс Пролет си ги зголеми шансите за пласман во плеј-офот, откако во скопската преметка со Бутел Скопје го совлада големиот ривал со 24-19.
Цврстата одбрана беше заштитен знак на Тинекс Пролет на овој меч, голманот Даскаловски бранеше извонредно во текот на сите 60 минути, а во нападот одговорност презеде Бахар, со десет гола предводејќи ги стрелците на овој натпревар.
Најефикасен во составот на Тинекс Пролет беше Бакар со десет гола, додека кај Бутел Скопје најефикасен беше Николов со шест гола.
(фото – Рк Тинекс Пролет)📷