Екипата на Тинекс Пролет одигра нерешено против екипата на Охрид со конечен резултат 23-23 во Супер лигата.
Тимот на Тинекс Пролет беше подобар во првото полувреме, откако на полувреме имаше водство од 12-8.
Во второто полувреме Охрид успеа да го преземи водството, но сепак на крај Тинекс Пролет се избори за нерешено.
Најефикасен во редовите на Тинекс Пролет беше Василевски со шест гола, додека кај Охрид најефикасен беше Орјоникидзе со седум гола.
(фото – Рк Тинекс Пролет)📷