Екипата на Тинекс Пролет забележа сигурна победа против Голден Арт со резултат 27-23 во натпревар од првото коло во Супер лигата.
Тинекс Пролет добро го започна натпреварот и на пауза замина со предност од 14-13. Во второто полувреме Тинекс Пролет продолжи со добрата игра, за на крај да оствари сигурна победа против Голден Арт.
Најефикасен во тимот на Тинекс Пролет беше Томислав Јагуриновски со шест гола, додека кај тимот на Голден Арт најефикасен беше Ивица Илиев исто така со шест гола.
(фото-Рк Тинекс Пролет)📷