Екипата на Тинекс Пролет забележа победа на гостувањето кај екипата на Еурофарм Пелистер 2 со конечни 23-21 во плеј-аутот од Супер лигата.
Составот на Тинекс Пролет и на полувреме имаше водство од 14-11. Во второто полувреме Тинекс Пролет продолжи со водството, иако Еурофарм Пелистер 2 се обидуваше да се врати сепак гостинскиот тим ги освои бодовите во Битола.
Најефикасен во редовите на Тинекс Пролет беше Никола Стоилевски со осум гола, додека кај Еурофарм Пелистер 2 најефикасен беше Мохамед Азиз со пет гола.
(фото – Рк Тинекс Пролет)📷








