Тинекс Пролет со амбиции за плеј-оф ги започна подготовките за новата сезона

Тинекс Пролет официјално ги стартуваше подготовките за новата сезона, во која целта ќе биде влез во плеј-офот, а потоа и борба за места кои водат во ракометна Европа. 

Првиот тим и во новата сезона ќе го води Алексо Лембанов, со што Тинекс Пролет покрај во младите ракометари, доверба укажува и на млади ракометни стратези. 

Нови ракометари на Тинекс Пролет се македонскиот репрезентативец Томи Јагуриновски, потоа повратникот во клубот Александар Василевски и црногорскиот голман Данило Михаљевиќ, кои беа дел од првиот тренинг. Со првиот тим сезонава ќе тренираат и ќе настапуваат и тројца кадетски репрезентативци на Македонија, кои по настапот на ЕХФ шампионатот за националниот тим ќе се приклучат на тимските подготовки.

Екипата на Тинекс Пролет ќе замине на осумдневни подготовки во Пехчево, а по враќањето во Скопје веднаш ќе следи и учество на турнир во Врање. Овој турнир ќе се одржи на 12 и 13 август, кога Тинекс Пролет ќе ги одмери силите со Динамо Врање и со Базел од Швајцарија. 

Потоа тимот се враќа во Скопје, по што кон крајот на месецот ќе следи и учество на турнир во Охрид, на кој покрај домаќинот ГРК Охрид ќе учествуваат уште и екипите Тиквеш и на Партизан од Србија.

(фото-Рк Тинекс Пролет)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести