Екипата на Тинекс Пролет забележа победа на гостувањето кај екипата на Струга со минимални 31-32 во плеј-аутот во Супер лигата.
Во текот на целиот натпревар беше неизвесно и драматично. На полувреме екипата на Струга имаше предност од 19-17. Во второто полувреме се играше гол за гол, но Тинекс Пролет успеа да слави минимална победа против Струга.
Најефикасен во екипата на Тинекс Пролет беше Михаил Аларов со пет погодоци, додека кај екипата на Струга најефикасен беше Жарко Барјактаревиќ со седум погодоци.
(фото-Рк Тинекс Пролет)📷