Екипата на Тинекс Пролет со победа се враќа од гостувањето кај составот на Радовиш со конечни 21-29 во плеј-аутот во Супер лигата.
Тинекс Пролет немаше мака до крајот на полувремето и имаше водство од 8-15. Во второто полувреме Тинекс Пролет ја зголеми разликата и оствари победа против Радовиш.
Најдобар стрелец во екипата на Тинекс Пролет беше Дејан Пецаковски со седум погодоци, додека кај екипата на Радовиш најдобар стрелец беше Бобан Каковски со шест погодоци.
(фото-Рк Тинекс Пролет)📷