Тинекс Пролет стартуваше со подготовки (ФОТО)

Тинекс Пролет со вчерашната прозивка на тренерот Александар Јовиќ и официјално го означи стартот на подготовките за вториот дел од сезоната, во кој тимот ќе се натпреварува во плеј-офот, каде ќе води битки со најдобрите екипи од македонската ракометна сцена.

Александар Јовиќ пристигна на кормилото на Тинекс Пролет неколку седмици пред крајот на Супер лигата, а одличниот стратег сега ќе има доволно време за да ги види на дело сите ракометари, но и да помогне за нивна уште подобра физичка подготвеност за периодот што следи.

Планот предвидува во наредниот период да се тренира по два пати дневно, за кондициска подготовка ќе се работи со кондицискиот тренер Мартин Мојсовски, а договорени се и четири контролни средби, по две со градските ривали Вардар и Голден Арт.

На првиот ден од подготовките се појави и новото засилување на Тинекс Пролет, левиот бек Никола Анакиевски кој пристигна од редовите на Аеродром.

(фото – Рк Тинекс Пролет)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.