Екипата на Тинекс Пролет триумфираше против тимот на Еурофарм Пелистер со конечни 28-22 во натпревар од Супер лигата.
Натпреварот почна со ефикасна игра на двете страни, при што и Тинекс Пролет и Еурофарм Пелистер 2 лесно ги реализираа своите напади. До крајот на полувремето имаше исклучувања на Џонов и на Јагуриновски, но одличен во нападот беше Василевски, кој со неколку проектили од девет метри донесе предност од 14-11.
До крајот на второто полувреме Тинекс Пролет ја сочува предноста, за победа против Еурофарм Пелистер 2
Најефикасен во тимот на Тинекс Пролет беше Мартин Димов со пет гола, додека кај екипата на Еурофарм Пелистер 2 најефикасен беше Ненад Белистојаноски со четири гола.
(фото-Рк Еурофарм Пелистер 2)📷