Екипата на Тинекс Пролет забележа победа против екипата на Куманово со резултат 27-22 во плеј-аутот од Супер лигата.
Во мечот на двете високорангирани екипи од плеј-аутот, сепак избраниците на Матлиески, кој им даде шанса на голем број млади ракометари како Дамчевски, Глигоров, Александров…, беа далеку подобар тим на теренот за сосема заслужена победа.
Најефикасен во редовите на Тинекс Пролет беше Давор Палевски со девет гола, додека кај Куманово најефикасен беше Давид Димевски со осум гола.
(фото – Рк Тинекс Пролет)📷