Тинекс Пролет забележа победа со убедливи 28-38 на гостувањето против градскиот ривал Скопје 2020, во првиот контролен натпревар што тимот го одигра како дел од подготовките за новата сезона.
Тренерот Лембанов за овој меч ги немаше на располагање кадетските репрезентативци Стојановски и Димковски, како и Николовски и Додевски, кои поради повреда не беа во можност да настапат.
Сепак, и во отсуство на овие четири првотимци Тинекс Пролет одигра квалитетен меч во кој триумфот воопшто не беше доведен во прашање.
(фото – Рк Тинекс Пролет)📷