Екипата на Тинекс Пролет забележа победа на гостувањето кај Јуниор Кисела Вода со резултат 34-25.
Џонов беше одличен на самиот старт со три погодоци во првите пет минути од натпреварот, но потоа дојде до мал пад во концентрацијата што домашниот тим го искористи за да поведе со 6-3.
Јуниор имаше идентично водство и при 8-5, по што Тинекс Пролет целосно ја презеде контролата над играта. Избраниците на Лембанов го пронајдоа посакуваниот ритам во нападот, лесно стигнуваа до ситуација за постигнување на гол и на одмор заминаа со водство од 14-16.
Доминацијата на Тинекс Пролет продолжи и во второто полувреме, предноста се зголемуваше, а по 18-22 следеа дури седум гола во низа за Тинекс Пролет, за водство од убедливи 18-29.
Тренерот Лембанов им даде шанса и на дел од помладите ракометари, кои ја оправдаа довербата, довршувајќи го квалитетно овој натпревар што на крајот беше добиен со конечни 15-24.
Најефикасен кај Тинекс Пролет беше Дејан Пецаковски со седум гола, додека кај екипата на Јуниор Кисела Вода најефикасен беше Филип Петровски со девет гола.
(фото – Рк Тинекс Пролет)📷