Екипата на Тинекс Пролет ја совлада екипата на Струга со резултат 33-27 во натпревар од плеј-офот од Супер лигата.
Тимот на Тинекс Пролет од почетокот на натпреварот имаше контрола на резултатот, па така стигна до победа против Струга.
Најефикасни кај екипата на Тинекс Пролет беа Филип Крстески и Андреј Стојановски со по пет гола, додека кај Струга најефикасни беа Александар Тренчевски и Мерис Бошњак со по шест гола.
(фото – Рк Тинекс Пролет)📷