Едни од најдобрите ракометари на Партизан Гевгелија, потпишаа за екипата на Алкалоид.
Двајцата ракометари доаѓаат од екипата на Партизан Гевгелија, Тодор Узунчев има 17 години и настапува на позицијата лев бек, додека Димитар Узунчев има 16 години и настапува на позицијата десен бек.
„Трансферот во Рк Алкалоид за мене е голема шанса за напредок во кариерата. Потпишав договор и веќе тренирам со тимот. Сакам да напредувам. Знам дека ќе биде потребно многу ангажман и жртвување, но подготвен сум за предизвикот“, – вели Тодор Узунчев.
„Одлично сум примен во екипата. Овде се работи на професионално ниво и сметам дека направив вистински избор на клуб за мојот натамошен напредок“, – вели Димитар Узунчев.

(фото – Рк Алкалоид)📷