Томаш Гебала се прости од репрезентацијата на Полска

Левиот бек и дефанзивецот Томаш Гебала, по Светското првенство во Полска и Шведска се прости од репрезентацијата на Полска.

Гебала ќе се посвети само на Киелце, каде и настапува. Томаш Гебала за репрезентацијата на Полска одигра 45 натпревари и постигна 135 погодоци.

„Ви благодарам на сите што беа со мене од првиот натпревар со дресот од Полска па се до последниот. До сите тренери, членови на персоналот и играчи. Од вас научив работи кои сигурно ме направија подобар спортист, но и човек. Ви Благодарам за сè”, – изјави Томаш Гебала.

(фото – Ракометна Федерација на Полска)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.