Ракометарите на Тинекс Пролет експресно го оставија зад себе поразот во Битола од Еурофарм Пелистер и во мислите се насочени кон следниот суперлигашки предизвик.
Веќе утре во 19 часот во салата „Македонско Сонце“ ќе гостува Радовиш, дуел на кој избраниците на тренерот Матлиески ќе се обидат да стигнат до втората победа сезонава.
Томислав Димковски е еден од низата талетирани играчи на Тинекс Пролет чија форма расте од сезона во сезона, а откако ги надмина бројните проблеми со повреди од ланската сезона тој сега има се позначајна улога во тимот на Тинекс Пролет.
„За нас е сеедно името на ривалот со кој се среќаваме, секогаш сме фокусирани на сопствената игра, настојуваме да напредуваме од натпревар во натпревар. Радовиш е ривал што го почитуваме и сигурно нема да го потцениме, но верувам дека ако одиграме на нивото на кое што можеме, ќе успееме да стигнеме до посакуваниот триумф. Колективот и тимскиот дух се заштитен знак на Тинекс Пролет, тоа треба да го покажеме и во сабота против Радовиш“, – изјави ракометарот на Тинекс Пролет, Томислав Димковски.
(фото – Рк Тинекс Пролет)📷