Ракометарот на Тинекс Пролет, Томислав Димковски беше успешно опериран по повредата што ја заработи на еден од последните натпревари во оваа календарска година.
Повредата на рамото беше од посериозен карактер, па мораше да биде извршен хируршки зафат што успешно беше реализиран во клиника во Софија. Димковски се чувствува добро по операцијата, а неговиот камбек на терените се очекува да биде најмалку за два месеци.
“Ракометниот клуб Тинекс Пролет му посакува брза и успешна рехабилитација на Димковски, се гледаме на терен во 2025 година”, – објавија од Рк Тинекс Пролет.

(фото – Рк Тинекс Пролет)📷