Томислав Јагуриновски и Михаил Аларов добија благодарници од Тинекс Пролет

Управата на Тинекс Пролет пред мечот со Вардар 1961 ја искористи можноста за да им додели специјални благодарници на Михаил Аларов и на Томи Јагуриновски, кои пред неколку месеци од Пролет направија трансфери во редовите на Вардар 1961.

Аларов е дете на Тинекс Пролет, тој професионалната кариера ја почна во клубот, преку кој се избори и за место во македонската репрезентација. Јагуриновски дојде во Пролет на почетокот од сезонава и се наметна како еден од лидерите на тимот, како на теренот, така и надвор од него.

“Ракометниот клуб Тинекс Пролет уште еднаш јавно изразува благодарност за придонесот што овие двајца ракометари го имаа за развојот на клубот”, – изјавија од Рк Тинекс Пролет.

(фото – Рк Тинекс Пролет)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести