Ракометарот и десниот бек Томислав Јагуриновски во продолжението од сезоната ќе настапува за Охрид.
Десниот бек на македонската репрезентација (27 години, 187цм) потпиша на миниум 2 години со ГРК Охрид.
Доаѓа од Десау (Германија), а досегашната кариера ја помина во Вардар и Металург. Неговото пристигнување претставува значајно засилување за тимот во борбата за повисок пласман во македонското првенство и на европската сцена во ЕХФ Европскиот Куп.
“Чест ми е што ќе се придружам на колектив како РК Охрид кој има голем напредок и амбиции како клуб. Охрид е македонскиот бисер и е задоволство да се игра за овој дрес и овие навивачи. Се надевам дека со моите игри ќе придонесам за подобри резултати и исполнување на амбициите на клубот” – изјави Јагуриновски.
(фото – ГРК Охрид)📷











