Томче Стојановски потпиша за Вардар 1961

Вардар 1961 активно работи на засилувања што ќе можат да одговорат на барањата на стручниот штаб за следните сезони, а како дел на таа заложба тимот ангажираше нов ракометар.

Томче Стојановски (25) е дете на Вардар кој после седум години повторно се враќа во својот матичен клуб каде ги почна ракометните чекори и ги мина сите младински категории.

Стојановски игра на бековска позиција и е еден од најдобрите дефанзивци во лигата. Лани беше прогласен за најдобар одбранбен играч во изборот на специјализираниот ракометен портал „24ракомет“ каде гласаа читатели, новинари и тренери од Супер лигата.

Откако ги мина младинските категории, под водство на Зоран Петковски и на Стојан Петрушевски, тогаш младиот Стојановски стигна и до вториот тим на Вардар. Но, стигна покана од тимот на Бутел кој тогаш почна да се натпреварува и со овој скопски клуб ги постигна најголемите успеси, меѓу кои и играње во европските купови.

„Потекнувам од школата на Вардар и секако ми годи оваа покана. Не се двоеумев многу. Ги минав сите млади категории во овој клуб, и среќен сум што клубот ме следеше во претходните сезони, а јас со своите настапи им го привлеков вниманието. Конкуренцијата во Вардар е голема, но јас сум подготвен за борба, и знам дека секоја конкуренција е добредојдена. Сакам да освојувам трофеи со Вардар, и убеден сум дека овој тим тоа го може. Едвај чекам да почнам да тренирам и грам со моите нови соиграчи”, – вели Томче Стојановски.

(фото – Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести