Тони Чолина е нов селектор на машката сениорска репрезентација на Босна и Херцеговина

Ракометната федерација на Босна и Херцеговина го назначи Тони Чолина за нов селектор на репрезентацијата.

Се работи за 34 годишен стратег кој е актуелен тренер на екипата на Извиѓач. Исто така Чолина беше селектор и на јуниорската репрезентација на Босна и Херцеговина.

“Претходниот асистент на Ивица Обрван Тони Чолина во наредниот период ќе ја води нашата сениорска репрезентација! Им посакуваме среќа на Тони и неговиот асистент Марија Блажевиќ, пред се во следните два натпревари против Грција на 16 и 19 март,” – изјавија од Ракометната федерација на Босна и Херцеговина.

(фото-Ракометна Федерација на Босна и Херцеговина)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести