Тоше Ончев е нов ракометар на Куманово

Екипата на Куманово, која има високи амбиции за следната сезона во Супер лигата се засили со Тоше Ончев.

Ончев во својата богата кариера настапуваше за тимовите на Вардар од Скопје, францускиот Вернолиет, Вермон од Франција, Феакаш, Грција, Тримо Требње од Словенија, Охрид, Голден Арт, Фруитленд Борец и шпанскиот Валинокс Новас.

“Пред се голема благодарност до целата управа на МРК Куманово. Среќен сум што доаѓам во одличен клуб како суперлигашот од Куманово, и се надевам дека заедно ќе ги оствариме целите на клубот, а тоа е пласманот во плеј-офот на Супер лигата”, – изјави ракометарот Тоше Ончев.

(фото – МРК Куманово)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *