Екипата на Охрид во продолжението од сезоната нема да смета на двајца македонски ракометари во плеј-офот во Супер лигата.
Тимот на Охрид спогодбено ги раскина договорите со ракометарите Тоше Ончев и Стефан Бошковски, кои повеќе не се дел од клубот.
“На Тоше Ончев му посакуваме добро здравје и успеси, како и побрзо закрепнување по оперативниот зафат и што побрзо враќање на ракометните терени. На младиот Стефан Бошковски му посакуваме добро здравје и успеси во иднина”, – изјавија од Охрид.
(фото – ГРК Охрид)📷