Тоше Ончев: Мора да победуваме како екипа

Екипата на Охрид се засили со Тоше Ончев и тој ќе биде добро засилување за тимот во новата сезона од Супер лигата.

Левиот бек даде своја изјава за сезоната што претстои за тимот на Охрид.

“Ќе биде многу тешка сезона. Имаме добри противници, силни екипи. Ние сме млад тим, но работиме напорно и сметам дека можеме да направиме голем успех. Ракометот не е спорт за еден играч, на теренот има седум играчи кои играат, ова е колективна игра. Мора да победуваме како екипа, а не индивидуално. Сакаме поддршка од трибините, а ние да дадеме сè од себе да ги израдуваме“, изјави Тоше Ончев.

(фото-ГРК Охрид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести